Европскиот првак Вардар ќе остане и без рускиот репрезентативец Данил Шишкарев. Како и што беше најавено, тој од следната сезона ќе ги брани боите на унгарскиот шампион Веспрем. Тој веќе стави потпис на договорот со новиот клуб, се согласи на двегодишна верност и беше презентиран како следно засилување, а ќе се врати да ја доигра сезоната во Скопје.
Шишкарев во Веспрем ќе го менува словенечкиот интернационалец Драган Гајиќ, кој по четири сезони си заминува од унгарскиот првак. Тој дојде во 2014 година, ја игра шестата сезона во Вардар со кој освои две титули во Лигата на шампионите.
Нов член на Веспрем е и Хорхе Македа, кој исто така во минатото играше во Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА