Потрагата по Емилијано Сала продолжува, а на бројните клубови кои јавно искажуваат поддршка и надеж дека аргентинскиот голгетер ја преживеал страшната несреќа им се приклучи и македонскиот шампион Шкендија.
Тетовскиот клуб на својот официјален инстаграм профил објави фотографија од шал на Шкенија поставен пред стадионот на Кардиф, заедно со илјадници други дресови, шалови и букети од цвеќе, во делот поставен токму во чест на Аргентинецот.
„Нашите молитви одат кон Сала и пилотот, додекапотрагата по исчезнатиот авион продолжува! Молитва за Сала“ – објави Шкендија.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА