И Спировски, поради повреда, отпаѓа за мечот со Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за мечот од новото издание на Лигата на нации против Грузија. Селекторот Игор Ангеловски се соочува со дополнителни проблеми околу креирањето на почетниот тим откако остана и без Стефан Спировски, кој не успеал да го издржи утринскиот тренинг.

„Спировски не успеа да го издржи денешниот тренинг и поради тоа тешко дека ќе можам да сметам на него на утрешниот меч со Грузија“, информираше селекторот Ангеловски. 

За потсетување Стефан Спировски заработи повреда на мечот со Естонија кој заврши 3-3. Натпреварот успеа да го одигра до самиот крај, но повредата не е нималку наивна па поради тоа најверојатно ќе го пропушти мечот против Грузија.

Ангеловски за утрешниот натпревар со Грузијците нема да може да смета и на Адеми, Бејтулаи, Тошевски, Хасани, Барди,…

 

Се вчитува...