И Столе Димитриевски по вторпат позитивен на Ковид-19

По Елиф Елмас, и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по вторпат е позитивен на коронавирусот Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека Елмас е позитивен на Ковид-19 по тестирањето во желбата за враќање во Италија, по престојот во Македонија.

Денеска, пак, шпанските медиуми го потврдија тоа што се претпоставуваше откако беше јасно дека Димитриевски ги пропушта тренинзите на Рајо Ваљекано.

Димитриевски беше првиот репрезентативец кој имаше коронавирус уште во август минатата година.

Се вчитува...