И Струга Трим Лум против т.н. Суперлига

И актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим и Лум излезе со соопштение против таканаречената Суперлига.

Во продолжение во целост ви ги пренесуваме соопштението:

„ФК Струга Трим Лум, гледајќи ги најновите случувања во светот на фудбалот, изразува мислење дека напредокот на фудбалот воопшто, а особено успехот и развојот на клубовите од овој спорт зависат главно од соработката со УЕФА и ФИФА.

Во овој контекст, колку и да е мал по важност, ние како клуб не ја поддржуваме одлуката на Европскиот суд на правдата, кој накратко не го зема предвид противењето на лигите кои се под капата на континенталните и светската фудбалска институција, а тоа се УЕФА и ФИФА.

Не ја поддржуваме одлуката која отстапува место за лига за која толку се зборува во светот на фудбалот, како „Европска Суперлига“, стои во соопштението на Струга ТЛ. 

Се вчитува...