И судењето на мечот Башкими – Саса под сите стандарди: Двете екипи играа во исти дресови, судијата целосно „изгубен“ во финишот (ВИДЕО)

Теренот на Башкими од Куманово е суспендиран од ФФМ по инцидентот на крајот од дуелот со Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига изминатиов викенд.

Кумановци сигурно ги чека дополнително казна од Дисциплинската комисија, но од тој натпревар и впечатокот за апсолутно незадоволително делење на правдата.

Изненадувачки за многумина беше што двете екипи играа во речиси сосема идентични дресови, ниту нијансата зелена на двете страни речиси и воопшто да не се разликуваше, а главниот судија и воопшто не го менаџираше како што треба и мечот во самиот финиш кога се случи и несаканиот инцидент. Сето тоа потврдено и од Судиската комисија на ФФМ.

„Од натпреварот ФК Башкими – ФК Саса, иако не влијае на резултатот, Судиската комисија не е воопшто задоволна од менаџирањето на главниот судија (дозволи двете екипи да играат со иста боја на спортска опрема, недоделени дисциплински мерки, а посебно судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на последните 9 минути од натпреварот – од 88. до 90+7 минута). Oд 88. минута до 9о+5 минута имаше прекин на играта, главниот судија имаше покажано 6 минути да се игра дополнително време за да во 90+7 минута досуди крај на натпреварот“ – се вели во извештајот од Судиската комисија на ФФМ.

Се вчитува...