И тоа е можно – требаше да играат на трева, а на крајот играа на тврда подлога

ВТА турнирот во Нотингем е дел од подготовките за неофицијалното првенство во тенис, Вимблдон и традиционално секоја година се игра во втората недела во јуни на трева. Сепак, поради лошите временски услови и силниот дожд првите два дена беа целосна откажани, по што организаторот мораше дел од натпреварите да ги префрли во Универзитетскиот комплекс, каде натпреварите ќе се играат на тврда подлога.

 

Се вчитува...