Врвните спортисти се почесто го креваат гласот поради условите во олимпиското село во Париз, а еден од најгласните е италијанскиот пливач Томас Чекон, светскиот рекордер во дисциплината 100 метри грбно.
Тој отворено говореше за лошата храна и жештината во собите, но и за неудобните кревети, кои се направени од картон за да бидат еколошки одржливи. Чекон неколку дена се жалеше на креветите, а потоа се реши за порадикален потег, па едно попладне дремна во паркот што е дел од олимпиското село.
„Ова не е алиби за резултатите, бидејќи условите се исти за сите спортисти, а условите се навистина ужасни“, изјави Чекон.
Видеото од дремката на Италијанецот ја сними саудискиот веслач Хусеин Алирез, кој не можеше да поверува што гледа…
non credo di sentirmi benissimo, quello è Ceccon? ⚰️⚰️ pic.twitter.com/5Mt7VoBn1e
— r o x 🍂 (@lovesetmefree) August 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА