Тотенхем славеше со 3-1 на лондонското дерби против Фулам, а во преден план се најде Хари Кејн, кој прв пат во својата кариера успеа да постигне премиерлигашки гол во август. Одличниот голгетер досега имаше настапено на 15 средби во овој месец од годината, без да успее да ја затресе противничката мрежа, за „клетвата“ да биде урната денеска, кога тој рутински реализираше за конечни 3-1.
Претходно, голови за Тотенхем постигнаа Моура и Трипие, додека единствениот погодок за Фулам беше дело на Митровиќ.
Лестер славеше со 2-0 над Вулверхемптон, но црвен картон на оваа средба заработи Џејми Варди, а неочекувано вториот пораз во второто коло го претрпе Вест хем, губејќи со 1-2 на домашен терен од Бурнемаут. Арнаутовиќ од пенал донесе водство на „чеканите“ во првото полувреме, но гостинскиот тим направи целосен пресврт во вториот дел и со головите на Вилсон и Кук стигна до цел плен.
Резултати Англија:
Кардиф – Њукасл 0-0, Тотенхем – Фулам 2-1, Евертон – Саутемптон 2-1, Лестер – Вулверхемптон 2-0, Вест хем – Бурнемаут 1-2.
VIDEO: Harry Kane’s first goal of many this season….and its AUGUST! 3-1
— E-Spurs (@e_spurs) August 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА