И тоа се случи – Лазаров без гол на меч од СП

Најдобриот македонски ракометар во историјата, Кирил Лазаров против Русија не успеа да се запише во листата на стрелците, нешто што се случи за првпат во неговата кариера во националниот дрес на Светските првенства.

Мечот со Русија беше негов 42. на Мундијалите, а десниот бек не погоди ниту еднаш од четирите обиди, по кои уште во 15. минута беше изваден од игра и веќе не доби шанса до крајот на натпреварот. Почнувајќи од деби настапот против Саудиска Арабија на СП во Египет 1999, па преку Хрватска 2009, Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017, Германија/Данска 2019 и овој шампионат и 41 одигран натпревар, капитенот за првпат не се запиша во листата на стрелците.

Македонија до крајот на шампионатот ја чека уште еден меч против Белорусија во недела во 15:30 часот.

Се вчитува...