И трет пораз на Вардар во Аланија: И Миеѓ Легница ‘пресилна’… (ВИДЕО)

Вардар го доживеа и третиот пораз во третиот пријателски натпревар на подготовките во Аланија, Турција. „Црвено-црните“ попладнево загубија од полскиот Миеѓ Легница со 1-2 (1-1).

Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Бразилецот Лира во 22. минута, кој прецизно стрелаше од непосредна близина.

Но, потоа Полјаците израмнија во 37. минута, а до конечна победа од 1-2 дојдоа со гол во 80. минута.

Вардар, претходно доживеа порази и од азербејџански Сумгаит (1-3) и од казахстанскиот прволигаш Иртиш Павлодар со 1-2.

Се вчитува...