И Цветан Кузмановски останува во Еурофарм Пелистер до 2025 година

По продолжувањето на договорот со Ненад Костески, македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер го продолжи договорот до 2025 година и со Цветан Кузманоски.

22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, изјави Кузмановски. 

Се вчитува...