И Унгарија беше преголем залак за фудбалерките до 17 години

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години го забележа и третиот убедлив пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. По катастрофалните (13-0) на првиот меч против Германија и големиот пораз од Португалија (7-0) во второто коло избраничките на Катерина Милеска денеска беа поразени и од Унгарија со 7-0.

Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за овој турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;

Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;

Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;

Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска.

Се вчитува...