И „вистинскиот“ Раул Гонзалес ќе стане тренер

Раул Гонзалес во Македонија асоцира на ракометниот стратег кој на Вардар му да донесе шампионската титула во Лигата на шампионите, и е актуелен селектор на нашиот ракометен национален тим, а имаше медиуми кај нас кои при првата информација за негово именување побараа помош од „Гугл“ и ја објавија неговата фотографија. Раул Гонзалес Бланко, легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, исто така одлучи да започне тренерска кариера.

„Седумката“ која долги години беше капитен на Реал Мадрид, а во продолжение од кариерата играше и во Шалке 04, Ал Сад и во Космос, одлучи да почне со тренерскиот занает. И ниту за легендите тоа не оди полесно, туку се стартува од најниското скалило. Раул Гонзалес ќе биде тренер на кадетскиот тим (Јувенил Б) на Реал Мадрид. Со оваа селекција на млади фудбалери досега работеше Алваро Бенито, некогашниот негов соиграч од „кралскиот тим“, кој сега оди чекор погоре и ќе ги тренира постарите кадети (Јувенил А) од академијата на Реал Мадрид.

Се вчитува...