И Владимир Кличко се враќа во професионалниот бокс

Поранешниот тренер на Владимир Кличко, Али Башир тврди дека Украинецот ќе се врати во професионалниот бокс. Тој во разговор за украинските медиуми истакна дека верува во враќање на поранешниот шампион, па дури и освојување на светската титула.

„Две или три години говорам дека Кличко ќе се врати во ринг. Сите ме исмејуваа. Но, што правиме сега. Веќе на никој не му е смешно. Го знам добро Владимир и имам неверојатен однос со него. Го гледам како тренира и се прашувам зошто би го правел тоа доколку не се врати во рингот. Верувам дека ќе го урне рекордот на Џорџ Форман и ќе стане најстариот шампион во тешка категорија“, изјави Башир. 

45-годишниот Кличко цела деценија доминираше со светскиот бокс каде има одработено 69 борби во кои има 64 победи од кои дури 54 со нокаут.

Се вчитува...