И во Франција ќе има ВАР – технологија

Француската фудбалска федерација потврди дека претстојната сезона во Лига 1 ќе се користи ВАР – технологија. Претставниците на француските прволигаши тоа го избраа на посебен состанок. Според објаснувањето од федерацијата, видеотехнологијата во текот на натпреварите ќе го раководат двајца специјализирани судии со помош на еден или двајца техничари.

Премиерното претставување на видеотехнологијата е закажано за отворањето на сезоната, на мечот меѓу Олимпик Марсеј и Тулуз на 10.август.

Во Франција минатата година се користеше „гол-лајн“ технологијата, но имаше и грешки, па споменатата технологија беше повлечена од употреба во текот на сезоната.

Се вчитува...