И Волфсбург остана без важен играч поради коронавирус

Коронавирусот се повеќе се шири низ фудбалска Германија, а Волфсбург е последниот клуб шти пријави позитивен играч во своите редови. Станува збор за хрватскиот репрезентативец Јосип Брекало, кој по позитивниот тест се наоѓа во самоизолација во својот дом.

Младиот играч од средината на теренот е единствениот заразен во екипата на Волфсбург, добра вест е тоа што се чувствува добро и нема никакви симптоми. Во овој момет нема информација колку долго ќе отсуствува од терените, но Брекало дефинитивно ќе го прпопушти наредниот натпревар од бундеслигата против Арминија.

Брекало кариерата ја започна во Динамо Загреб. Од 2016 година е член на Волфсбург, а во текот на 2017 година настапуваше на  позајмица во дресот на Штутгарт.

Се вчитува...