Косово дојде и до вториот медал на Летните олимписки игри 2024 во Париз, и повторно во џудо, овој пат од младата Лаура Фазлиу која стигна до бронзениот медал.
Фазлиу во битката за третото место во категоријата до 63 килограми триумфираше против Хрватката Катарина Кришто, и тоа во повеќе од драматична борба.
Откако во регуларниот дел борбата заврши без предност за ниту една од џудистките, во дополнителниот период Кришто по 1:23 минути оствари Вазари и веќе почна да ја слави бронзата. Но, по видео-прегледувањето Хрватката доби трета опомена поради зафат под појасот и победата и припадна на косовската репрезентативка.
Претходно Косово се закити и со сребрен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА