И втора победа на Пролет на стартот од сезоната: Рутински триумф против Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Тинекс Пролет ја запишаа и втората победа на стартот од сезоната во Суперлигата, со убедливо второ полувреме триумфирајќи на гостувањето против новиот член на елитното друштво Скопје со 29-33.

Скопје максимално ангажирано го почна дуелот, пружајќи повеќе од силен отпор на почетокот од натпреварот во првата фаза стигнувајќи и до предност од 12-8. Но, во продолжението гостите рутински ја анулираа предноста на Скопје и на полувремето составот на Андон Бошковски дојде до предност од 16-17.

Второто полувреме апсолутно им припадна на ракометарите на Тинекс Пролет кои трпеливо го решаваа отпорот на домашните стигнувајќи пред последните десет минути од средбата и до предност од 26-31. До крајот низ игра гол за гол се заокружи за конечни 29-33.

 

Се вчитува...