И за крај пораз, Вардар падна и пред Монпелје, завршува на шестото место

Вардар ја продолжува одбраната на eвропската ракометна титула преку шестата позиција во групата Б од прелиминарниот сегмент во Лигата на шампионите откако загуби во дуелот од последното коло од Монпелје со 27-31 во „Јане Сандански“. И победа за Вардар немаше да донесе прогрес на посакуваната петта позиција со оглед дека ривалот за тоа место Порто, славеше сигурно на гостувањето кај Мешков Брест.

За победата, Монпелје се избори во второто полувреме. Веднаш по паузата побегна од еден на три гола предност (17-20) и од тој момент Вардар постојано неуспешно се обидуваше да направи резултатски баланс, но успеваше само да ја намали негативата. Монпелје дојде и до плус четири, 23-27 во 20 минута од средбата, „црвено-црните“ намалија и само на минус еден во 27 минута кога беше 27-28, но следуваше брз реакција на гостинскиот тим кој повторно се одлепи на три гола.

Вардар имаше одличен почеток на натпреварот, поведе со 3-0, потоа и со 4-1 и одржуваше предност се до 20-та минута кога, Монпелје го забележа првото водство на средбата со 8-9. Потоа францускиот тим имаше и 8-10, „црвено-црните“ се вратија до 12-12, но во финишот и покрај важните одбрани на Кизиќ, пропуштија неколку прилики и шанса за нерешен резутат на полувремето. Во вој период највпечатлив беше Кизиќ кој собра седум одбрани.

Столе Стоилов со седум гола од девет обиди беше прв стрелец кај Вардар, Сергеј Горбок постигна шест, а Иван Чупиќ  пет гола. Марко Кизиќ средбата ја заврши со девет одбрани.

Во осминафиналето. Вардар, извесно е ќе се соочи со Пик Сегед со оглед дека унгарскиот состав со идентичен број бодови како и ПСЖ влегува во последното коло, но францускиот тим има лесен дуел со Загреб, а Пик Сегед и гостува на Барселона. Подвиг на унгарскиот тим ќе ја сврти ситуацијата и Вардар би се соочил со Пари Сен Жермен на Раул Гонзалес.

 

 

 

 

Се вчитува...