Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ дојде на тренингот на фудбалската репрезентација на Македонија да им даде дополнителен мотив на фудбалерите на Игор Ангеловски пред квалификациските мечеви со Полска и со Австрија. Доби на подарок дрес со број „10“ и поразговара со селекторот Ангеловски и со капитенот Горан Пандев.
И јасно е, на Македонија и треба неговата „Чаролија“, за да успее да ја совлада Полска в петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА