И Зени Хусмани до трофејот во Купот на Словенија

Уште еден македонски интернационалец се закити со трофеј во Куп сезонава на меѓународна сцена. По Стефан Ристовски и Леонард Жута кои вечерва славеа во Купот на Хрватска со Ријека, до титулата во најмасовното клупско натпреварување во Словенија стигна и поранешниот македонски младински репрезентативец Зени Хусмани.

26-годишниот Хусмани со Домжале стигна до титулата во Купот откако во финалето славеше против Олимпија Љубљана со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Добровољц во 61. минута од средбата.

Gaber Dobrovoljc GOAL HD – Domzale 1-0 NK… by mamiewaymire

Зени Хусмани го одигра целиот натпревар во средниот ред на Домжале.

Се вчитува...