ИААФ ги објави номинациите за атлетичар на годината – Го нема Усеин Болт

Светската атлетска федерација ги објави кандидатите за најдобар атлетичар во 2017 година, а од списокот недостасува шесткратниот освојувач на оваа награда, Усеин Болт. Спринтер од Јамајка кој ги држи рекордите на 100 метри (9.59 секунди) и на 200 метри (19.19 секунди) пред извесно време стави крај на својата богата кариера, но пензијата не ја прослави како што посакуваше.

Бранејќи го златниот медал на 100 метри на СП во Лондон, загуби од Американецот Џастин Гатлин, па мораше се задоволи со бронзата. Во финалната трка на 4 x 100 метри со штафетата на Јамајка не успеа да стигне до целта откако се повреди.

На оваа листа недостасува и освојувачот на златото на 100 метри спринт на овогодинешното СП во атлетика, Џaстин Гатлин. 35-годишниот американски спринтер го освои и сребрениот медал во 4 x 100 трката со штафета, но очигледно не беше доволно да се најде меѓу најдобрите за оваа година.

Номинирани за најдобрите спортисти на годината во машка конкуренција се: Мутаз Еса Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (фрлање кладиво), Мо Фарах (5000 и 10.000 метри), Сем Кендрикс (скок со стап), Илија Манџаи (1.500 метри), Луво Манџонга (скок во далечина), Омар Маклеод (110 метри со пречки), Кристијан Тејлор (трискок), Ваде ван Никерк (400 метри) и Јоханес Фетер (фрлање копје).

Во женска конкуренција за најдобра атлетичарка се номинирани: Алмаз Ајана (5000 и 10.000 метри), Анита Владарчик (фрлање кладиво), Бритни Рис (скок во скок), Марија Ласикена (скок во вис), Хелен Обири (5000 метри), Сали Персон (110 метри со пречки), Сандра Перковиќ (фрлање диск), Кастер Семења (800 метри), Екатерина Стефанида (скок со стап) и Нафисат Тијам (седмобој).

 

Се вчитува...