Иако Николов донесе бод, УЕФА прогласи друг играч на натпреварот Шахтјор – Шериф

Бобан Николов вчера донесе бод од гостувањето во Киев против Шахтјор. На крајот Шериф извлече бод со гол во 90. минута благодарение на македонскиот интернационалец.

Но, УЕФА се реши да прогласи друг играч на натпреварот. Тоа е од Маркос Антонио од Шахтјор Доњецк. Тој не учествуваше ниту во акцијата за голот на својот тим, ниту го постигна. Веројатно критерумите се точни додавања и малкуте грешки кои играчот за врска на домашниот тим ги имаше на споменатиот меч.

Секако, за Шериф најголем херој е токму Николов кој што влезе во вториот дел и постигна погодок за седмиот бод на Шериф во групната фаза.

Се вчитува...