Поранешните фудбалски легенди Златан Ибрахимовиќ и Тјери Анри предизвикаа вистинско шоу во програмата во живо на „Фокс Спортс“, пеејќи го големиот хит на „Дубиоза Колектив“.
Познатите напаѓачи, кои моментално работат како стручни аналитичари за Светското првенство, ги забавуваа гледачите во најавата за натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина што се одигра во Торонто.
Ибрахимовиќ, кој има босански корени, ја започна познатата песна со стиховите „I’m from Bosnia“, а францускиот голгетер веднаш се надоврза и ја допеа линијата со „Take me to America“.
Thierry Henry i Zlatan Ibrahimović podigli euforiju:
“I’m from Bosnia, take me to America…” pic.twitter.com/9JZOb9k3bo— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) June 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
