Ибра кажа „ДА“ – се враќа назад во Милан

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се врати назад во Милан, откако ги прифатил понудените услови од страна на „росонерите“ за веќе во јануари да му се приклучи на тимот на Џенаро Гатузо. Тиражниот весник „Газета дело спорт“ тврди дека повеќечасовните преговори меѓу Леонардо и Мино Раиола вродиле со плод, па откако агентот на Златан му ја пренел понудата на шведскиот голгетер, истата била прифатена без премногу размислување од страна на Ибракадабра.

Станува збор за сума од два милиони евра што Ибрахимовиќ ќе ја добие за да настапува за Милан во периодот од јануари до мај 2019 година. Исто така, во договорот би имало и клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона, за плата од четири милиони евра годишно.

Нема сомнеж дека Ибракадабра би бил огромно засилување за „росонерите“ во обид да се стигне до четвртото место во „Серија А“, пласман кој значи и учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Се вчитува...