Ибра: Никогаш не се знае, можеби ќе се вратам

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на крајот на минатата сезона стави крај на својата богата фудбалска кариера.

Популарниот Ибра вели дека не му паднала пензијата толку тешко како што мислел, но навести дека е можен нов пресврт и да се врати на терените.

„Навистина сум опуштен и тоа искрено ме изненадува, бидејќи не мислев дека ќе биде така. Замислив дека ќе биде многу постресно. Што се однесува до прошталниот натпревар, нема да избрзувам. Ќе видиме што ќе се случи, поминаа само три недели. Никогаш не знаеш, можеби ќе му се вратам на фудбалот. Следниот месец би можел да одам во тренинг кампот на Милан“, изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...