Ибра објави болно видео од третманот со коленото, фановите во шок! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ веќе во неколку наврати ги потенцираше сериозните проблеми со коленото и фактот дека ја одлагал операцијата за по крајот на сезоната.

Милан го освои скудетото, па се чини дека Ибрахимовиќ нема да жали за својата одлука, иако веќе најави дека го очекува нов комплициран период по оперативниот зафат.

За тоа со какви проблеми се соочувал Ибра изминатиот период говори и видеото кое самиот го објави на социјалните мрежи, а е поврзано со третман на коленото кој го правел изминатите месеци.

„Празнење на коленото секоја недела изминатите шест месеци“, објасни Ибрахимовиќ, оставајќи ги фановите во шок од она што може да се види.

 

 

 

Се вчитува...