Ибра пред нов предизвик: Швеѓанецот „брка“ уште еден рекорд во ЛШ

Контроверзниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се наоѓа пред нов предизвик во Лигата на шампиони. Швеѓанецот доколку вечерва постигне гол на мечот со Порто ќе постави рекорд во елитното фудбалско натпреварување.

Имeно, Швеѓанецот кој нема играно во елитното друштво на Европа од 12 април во 2016 година, може да стане највозрасниот стрелец доколку успее да погоди на гостувањето во Португалија. Тој неодамна наполни 40 години.

Рекордот го има легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти, кој на возраст од 38 години и 59 денови успеа да погоди во мрежата на ЦСКА Москва.

Се вчитува...