Ибра стрелаше во првиот меч по враќањето во Милан

Златан Ибрахимовиќ денеска го одигра првиот натпревар по неговото враќање во Милан. Во неслужбеното деби против нисколигашот Роденсе, популарниот Ибра постигна еден гол и забележа една асистенција во победата на Росонерите од 9-0.

Пиоли во првото полувреме играше со своите најдобри фудбалери, а во вториот дел одлучи да го замени речиси целиот тим. На полувреме на местото на Ибрахимовиќ влезе полскиот интернационалец Пјонтек.

Официјалното деби во „црвено-црниот“ дрес Ибрахимовиќ ќе го има во понеделник кога Милан ќе ја пречека Сампдорија.

Се вчитува...