Ибрагимов е оптимист: Нуров ќе и донесе медал на Македонија!

Борачот Могамедгаџи Нуров е еден од главните кандидати на Македонија во обидот да се стигне до медал на Олимпските Игри во Токио. Натурализираниот Македонец со месеци наназад тренира напорно како дел од подготовките за овие ОИ, а адут плус сигурно е фактот дека негов тренер е Могамед Ибрагимов, освојувачит на бронзениот медал за Македонија од Олимписките игри 2000 година во Сиднеј.

Ибрагимов е оптимистички расположен во пресрет на настапот на Нуров во Токио, отворено говорејќи дека македонскиот репрезентативец има шанси да стигне до медал.

„Еднаш дневно правиме полесни тренинзи и спаринг. Климата во Владивосток одговара на онаа во Токио (многу влажна), така што тука се аклиматизираме за тоа што не чека во Јапонија. Нуров тука тренира со руската репрезентација и тоа е многу добро, како што нагласуваат и од рускиот табор. Нуров може да го го победи секој ривал. Според мене, тој ќе и донесе медал на Македонија. Најважно од се е да верува во себе“, изјави Ибрагимов.

Нуров својот настап на ОИ во категоријата до 97 килограми ќе го има на 6 август.

Се вчитува...