Ибрахимовиќ доаѓа кај Пандев: Сака да го освои Скудетото со Џенова… (ВИДЕО)

Интересна порака од САД испрати денеска на својот 38-ми роденден легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

На Швеѓанецот со босанско потекло на крајот од годината му завршува договорот со ЛА Галакси, но не размислува за крај на кариерата. Има понуда од Бока јуниорс, но испраќа порака дека сака да се пресели во Џенова, тимот каде настапува најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Ибрахимовиќ во видео порака се обрати до својот добар пријател Рики Сапонара…: „Еј Рики, дали си подготвен? Доаѓам во Џенова за конечно да го освоите Скудетото“…

Се вчитува...