„Ибрахимовиќ докажа дека пријателствата во фудбалот не значат ништо“

Искусниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годинава потпиша за Милан во кој стигна како слободен играч откако му истече договорот со ЛА Галакси. Ибрахимовиќ со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната со можност да биде продолжен на уште една година. Сепак, пред неговото доаѓање на „Сан Сиро“ имаше многу шпекулации околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Меѓу клубовите со кои беше поврзуван Швеѓанецот беше и Болоња. Директорот на Болоња, Валтер Сабатини, го критикуваше Ибрахимовиќ бидејќи барал од клубот премногу пари, а на крајот се покажа дека пријателството со Синиша Михајловиќ нема никакво значење.

„Разговараше со тренерот. Се надевавме дека нивното пријателство ќе биде клучниот фактор тој да потпише со нашиот тим. Меѓуота, во фудбалот пријателствата не значат ништо, а тоа Златан го покажа најдобро“, изјави Сабатини. 

Ибрахимовиќ по враќањето во Милан за клубот од „Сан Сиро“ одигра шест натпревари на кои постигна три гола.

Се вчитува...