Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откако многу навивачи го оценуваат неговиот стил на игра како недоволно атрактивен.
„Ако играш убаво, а не победиш, не е важно што си играл убаво. Вие новинарите сте тие кои пишувате дека некој што играл убаво, а изгубил е масакриран, но сите на крајот мислиме исто, дека најважно е да се победи, а не како се игра“, изјави Ибрахимовиќ.
Алегри и Ибрахимовиќ соработуваа во Милан, тимот со кој во сезоната 2010/2011 ја освоија титулата во Серија А и се уште се последната екипа што се радувала на трофејот во Калчо-лигата пред да почне новата доминација на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА