Ибрахимовиќ го избра новиот број на дресот во Милан

Златан Ибрахимовиќ утрово пристигна во Милано, а по деталните лекарски прегледи од вечерва и официјално е нов член на „росонерите“.

Шведскиот ас го избра и новиот број на дресот, со оглед на фактот дека „деветката“ е зафатена од Полјакот Пјонтек. Ибракадабра до крајот на сезонава ќе настапува со 21 на грбот, број што ланската сезона го носеше Лукас Билја, кој не се прослави во таборот на „росонерите“.

Пред Билја овој број на дресот го имаа и Леонел Ванџони, Марко ван Хинкел, Кевин Констант и Макси Лопез, а последниот врвен ас на „росонерите“ со број 21 на грбот беше Андреа Пирло.

Се вчитува...