Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ деновиве се опушти во ноќен провод во Блеград. Познатиот фудбалер го искористи слободното време и со своето друштво ужива во белградскиот ноќен живот. Српските медиуми пишуваат дека „галантниот“ Ибрахимовиќ за една вечер на еден од познатите белградски сплавови потрошил 3.000 евра. Ибрахимовиќ цела ноќ уживал во српската музика и алкохол, а сплавот цело време го чувало неговото лично обезбедување.
И на 36-годишна возраст шведскиот репрезентативец со балкански корени, одигра добра сеозна во Манчестер јунајтед, но во април ги повреди лигаментите на коленото и поради повредата доби неколкумесечна принудна пауза од фудбалските терени. А, Ибрахимовиќ дури и со повредена нога, знае „квалитетно“ да го искористи одморот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА