Ибрахимовиќ ја напаѓа „котата 400“ против Торино

Голот што Златан Ибрахимовиќ го постигна во завршницата од мечот со Болоња беше вкупно 399. во клупската кариера на извонредниот шведски напаѓач.

Милан вечерва го пречекува тимот на Торино, меч на кој Златан би можел да стигне до својот 400. погодок во фантастичната кариера.

Ибрахимовиќ досега има постигнато 69 погодоци во дресот на Милан, бројка што ја надминал само како член на ПСЖ (113 гола). Зад „росонерите“ на оваа листа се наоѓаат Интер со 57, ЛА Галакси со 53, Ајакс со 35, Јувентус со 23, Манчестер Јунајтед со 17 и Барселона и Малме со по 16 постигнати погодоци.

Се вчитува...