Ибрахимовиќ: Мбапе ќе освои уште едно СП, Аргентинците веќе ништо нема да освојат

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ вели дека е сигурен дека Килијан Мбапе ќе освои најмалку уште еден трофеј од Светските првенства.

Швеѓанецот изјави дека ова што се случило со Аргентина, нема повеќе да се случи, и дека нивното однесување е знак дека уште долго ќе чекаат за нов трофеј.

„И пред првенството реков дека Аргентина ќе го освои трофејот, затоа што требаше да го освои за да влезе во историјата. Меси важи за најдобар играч во историјата, и без сигурен дека ќе победи. Не сум загрижен за Мбапе, затоа што тој ќе го освои трофејот најмалку уште еднаш. Загрижен сум за останатите играчи на Аргентина, затоа што Меси ќе остане единствен. Ова нивно однесување е дека сте победиле еднаш, но дека во иднина нема да го освоите долго трофејот“, коментираше Ибрахимовиќ.

Се вчитува...