Легендарниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ му делеше совети на првиот тренер Стефано Пиоли пред натпреварот од 1. коло во групната фаза во ЛШ против Њукасл.
Ибрахимовиќ присуствуваше на тренингот и му помогна на тренерот да ја содаде тактиката за дуелот, во кој Милан влегува по катастрофалниот пораз од 5-1 во градското дерби против Интер.
Швеѓанецот летово се пензионираше, а последен клуб му беше токму Милан. „Росонерите“ утре го играат својот прв меч во ЛШ против Њукасл на домашен терен со почеток во 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА