Поранешниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ се согласил да се врати во таборот на „росонерите“ и да добие работа во клубот. 41-годишниот Швеѓанец се сретнал со соптвеникот на клубот Гери Кардинале, и веројатно се договориле која ќе биде идната позиција на легендарниот фудбалер.
Сепак, не е обелоденето конкретно што ќе работи Ибрахимовиќ, но ќе биде во тесна врска со тренерот Пиоли.
На 18. септември Ибра беше на тренингот на Милан пред дуелот со Њукасл во Лигата на шампионите, каде му делеше совети на Пиоли. Неговиот тим одигра без голови со англискиот тим, и покрај тоа што Милан имаше многу шанси за победа кои не ги искористи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА