Ибрахимовиќ: Се вратив само за да ја освојам Премиер лигата!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е се поблиску до враќање на терените. Ибрахимовиќ се повреди на крајот од минатата сезона во мечот од Лигата на Европа против Андерлехт, а се очекува во декември повторно да биде на зелениот терен.

36-годишниот Ибрахимовиќ пред неколку месеци беше и слободен фудбалер, но потпиша нов договор со Манчестер јунајтед откако стана јасно дека повторно ќе биде физички подготвен.

„Како што реков, се вратив да го завршам тоа што претходно го почнав. Се што направив во мојата прва сезона не е тоа поради кој дојдов во Манчестер. Освоивме три трофеи, но тоа не беше крај каков што посакував. Мојата желба е Премиер лигата. Се што почнав во првата сезона ќе го завршам во втората“ – вели Ибрахимовиќ.

Минатата сезона офанзивецот во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 46 натпревари постигнувајќи и 28 гола, со десет асистенции.

Се вчитува...