Ибрахимовиќ слави роденден – жив доказ дека годините се само број

Златан Ибрахимовиќ денеска полни 39 години, огромен дел од неговите фудбалски врсници веќе се пензионери, но Ибракадабра не само што се уште игра, туку тоа го прави на највисоко ниво, обидувајќи се да го врати Милан до врвот на италијанскиот фудбал.

Златан е жив доказ дека годините се само број. Среќен роденден“, гласи роденденската порака на „росонерите“ до големиот ас.

Златан Ибрахимовиќ ги пропушти последните натпревари на Милан откако беше позитивен на тестирањето за Covid-19, но се очекува Швеѓанецот да се врати на терените веднаш по репрезентативната пауза.

Се вчитува...