Ибрахимовиќ соиграч на Елмас во Наполи!?

Шведскиот офанзивец Златан Ибрахимовиќ е желба на Наполи во финишот на преодниот рок во Италија.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, како што пренесува „Скај спортс“, се обидува да го доведе Ибрахимовиќ во својот клуб. Доколку тоа се случи за популарниот Ибра тоа би бил четврти клуб во Италија по Јувентус, Интер и Милан.

Ибрахимовиќ, по заминувањето од Манчестер јунајтед, во моментов е член на американскиот ЛА Галакси.

Се вчитува...