Ибрахимовиќ веднаш не донесе магија, но затоа Роналдо постигна хет – трик

Златан Ибрахимовиќ се врати во дресот на Милан во Серија А, влезе како резерва во второто полувреме, но не му помогна на тимот да оствари триумф против Сампдорија. Мечот заврши без голови.

Кристијано Роналдо стана првиот Португалец кој постигнал хет – трик во Италија во победата на Јувентус од 4-0 против Калјари. Тој го отвори резултатот во 49.минута, погоди и од пенал во 67.минута, а третиот гол го запиша во 82.минута. Само една минута претходно и Гонзало Игуаин ја затресе противничката межа, на асистенција на Роналдо, по што „старата дама“ повторно има три бода предност пред Интер на врвот на табелата.

Аталанта ја декласира Парма со 5-0. Алехандро Гомез беше стрелец на првиот гол, а до крајот на полувремето стрелаа и Ремо Фрулер и Робин Госенс. Во второто полувреме два гола постигна Јосип Иличиќ.

Се вчитува...