Ибрахимовиќ во декември ќе ја соопшти одлуката околу иднината

Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ го напушти ЛА Галакси и повторно ќе се врати во Европа. Тој како слободен фудбалер може да одбере каде ќе ја продолжи кариерата, а од ден за ден се зголемува бројот на клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Најмногу се поврзува со негово враќање во Италија каде играше за Јувентус, Интер и Милан, а одлуката околу својата иднина ќе ја соопшти во месец декември, пренесуваат медиумите. Сепак, неговото име најмногу се поврзува со екипата на Милан со која го освои „Скудетото“ во сезоната 2010/2011, а на 61 натпревар постигна 42 гола.

 

Се вчитува...