Ибраими фати „стотка“, Шкендија го прегрми Чаир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бесарт Ибраими на најдобар начин стигна до голем голгетерски јубилеј, 100 гола во дресот на Шкендија, постигнувајќи два за триумф на Шкендија на гостувањето на Чаир против Шкупи. Македонскиот првак се рехабилитираше по елиминацијата во Лигата на Европа и покажа дека и оваа сезона ќе биде главен фаворит за двојната круна.

Шкупи со големи амбиции ја отвори сезоната, но засега се уште е без победа по четири кола. Ниту со новиот тренер, турскиот тренер Хајати Сојдаш, не дојде до успех на неговото деби.

 

 

Се вчитува...