Ибраими и Јусуфи ја срушија Победа (ВИДЕО)

Струга Трим Лум дојде до триумф над Победа во премиерата во ПМФЛ 2022/2023. Стружани на свој терен денеска ја надиграа, и сосема заслужено го совладаа прилепскиот тим со 3-0.

Бесарт Ибраими постигна два гола, а Јусуфи во финишот постигна и трет гол, а победата можеше да биде поубедлива доколку Ибраими искористи уште некоја од шансите која му се укажа.

На првиот гол се чекаше до финишот на првиот дел кога од противнапад, Ибраими постигна погодок и донесе водство. Во вториот дел истиот играч по една супер акција погоди во мрежата за 2-0.

На 3-0 зголеми Фатјон Јусуфи во финишот од натпреварот по одличната акција од десната страна, со што стави печат на победата на домашната екипа. Победа немаше ниту сила, ниту квалитет да му парира на расположениот домаќин. Имаше само една шанса при 3-0 која ја одбрани Ќосевски. Струга ТЛ покажува дека сезонава има амбиции да се бори за врвот, додека Победа ќе води жестока битка за опстанок.

Се вчитува...