Ибраими и Жуниор ќе мораат на хируршка интервенција

Офанзивците на Шкендија, Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор ќе мора да бидат подложени на хируршки интервенции, информираа попладнево официјално од клубот.

Според соопштението на тетовци до јавноста, Ибраими поради проблеми со лигаментот на десното колено ќе мора на операција додека кај Жуниор ќе се интервенира на латералниот десен менискус од десната нога.

„По добивањето на деталните лекарски извештаи утврдено е дека и кај двајцата ќе мора да биде извршена хируршка интервенција. Информираме дека клубот и за двајцата ќе овозможи најдобри третмани и поддршка за што побрзо враќање на терените“ – се вели во соопштението од ФК Шкендија.

Се вчитува...