Ибраими пред Шкендија: Нема да ми биде лесно, но ќе дадам се од себе Струга да победи

Во недела во рамки од 4. коло во ПМФЛ, Струга Трим Лум гостува на Шкендија, во меч кој ќе се игра во Струмица, поради реконструкција на теренот во Тетово.

Во центарот на вниманието кај Струга е Бесарт Ибраими. Голгетерот кој мина шест години во тимот на Шкендија, беше и нивен капитен, сега ќе игра против својот поранешен клуб.

„За мене лично ќе биде многу емоционален меч после шест години кои ги минав таму. Тоа беше моите најдобри шест години во кариерата, и сега ќе ги имам за противник. Навистина нема да ми биде лесно. Но, во фудбалот се случуваат вакви работи. Ние сме професионалци и сега ќе се обидам да дадам се од себе за мојот сегашен тим Струга да победи. Ние сме моментално на првото место, но без разлика сметам дека Шкендија е фаворит. Ветувам дека сите ќе дадеме се од себе за да излеземе од овој меч непоразени“, рече Ибраими.

Се вчитува...