Ибраими промаши пенал, Шкендија со негатива против Мура по првото полувреме (ВИДЕО)

Шкендија со негатива од 0-1 го заврши првото полувреме против словенечка Мура во првиот натпревар од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Бесарт Ибраими имаше можност во втората минута од судиското продолжение да донесе 1-1, но не успеа да реализира удар од белата точка.

Македонскиот шампион со контрола на играта го почна мечот, одлична шанса во 18. минута имаше Дориев, потоа се редеа обидите на Ибраими и Алими, но сепак гостите беа тие кои ја ефектуираа првата своја шанса.

Во 28. минута Јан Кривак беше прегруб во шеснаесетникот при еден дуел, па досудениот пенал прецизно го реализираше Лука Бобичанец за водство од 0-1.

До крајот на првиот дел повторно можности имаа Дориев, Алими и Ибраими пред се во периодот од 35. до 40. минута.

Во првата минута од судиското продолжение во шеснаесетникот на гостите беше соборен Дориев од страна на Марушко, но Бесарт Ибраими не успеа да го реализира пеналот за конечни 0-1 на полувремето.

Се вчитува...